fbpx

Раздолжувањето на општина Охрид не е изборен поткуп како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, туку одговорен пристап кон општината и граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во отсуство на идеи, планови и проекти ВМРО-ДПМНЕ се држи до својата препознатлива матрица на лаги и креирање на сценарија кои немаат допир со реалноста.

За ВМРО-ДПМНЕ раздолжувањето на општина Охрид е криминал, бидејќи тие знаат само за задолжување и трошење на парите на граѓаните за непродуктивни цели.

Вистината е дека со поддршка од Владата, долгот на општина Охрид е намален за две третини.

Долгот на општината е намален за околу 15 милиони и 400 илјади евра. Од нив, околу 8 милиони евра се обезбедени од страна на Владата, над 4 милиони евра по основ отпис на камати кои општината ги испреговара со доверителите и над 3 милиони евра обезбедени од буџетот на општината.

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека не нуди ништо освен деструкција, блокади и неодговорно однесување како на национално така и на државно ниво.

Граѓаните го гледаат таквиот однос и затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби на локалните избори во Охрид, ќе изгуби на претседателските избори низ целата држава.

Скопје, 04.04.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести