Соопштение за јавност
За само три дена од почетокот на кампањата за претседателските избори, кандидатката на Христијан Мицкоски и Никола Груевски, Гордана Силјановска, три пати ги излажа граѓаните.
Силјановска лаже дека е натпартиски кандидат, а всушност е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ. Не може ниту штаб да отвори без присуство на Мицкоски чиј што кандидат е.
Силјановска лаже дека е за правда, а брани криминалци и насилсници. Дури и слоганот и лажен и лицемерен.
Лаже Силјановска дека не го признава и нема да го користи уставното име на државата, а официјален документ покажува дека е потпишана на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија.
Неприфатливо е претседателски кандидат да ги лаже, да ги манипулира гласачите, да говори едно, а друго да прави.
Затоа, на изборите, граѓаните нема да дозволат лицемери и партиски послушници да застанат на чело на државата.
Скопје, 04.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА