fbpx

ВМРО-ДПМНЕ потроши 50 милиони евра а Битола е заглавена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски за една и пол година потрошија околу 50 милиони евра, а Битола е заглавена општина, пред банкрот.

Во градската каса нема пари за ниту еден од ветените проекти, иако Коњановски противзаконски ги зголеми и даноците на имот за 300 отсто.

Ситуацијата во речиси сите битолски јавни претпријатија е катастрофална, Комуналец е во минус над 40 милиони денари, Водовод 21 милион денари, Паркинзи над 1 милион денари.

Директна одговорност за тоа имаат ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на градоначалникот Тони Коњановски сместени во директорсктие фотелји и во управните и надзорните одбори!

Заради ваквото недомаќинско работење ВМРО – ДПМНЕ ја загуби поддршката во Советот на Општина Битола.

Каде завршија парите на граѓаните?

Катастрофа се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата од народот.

Последни вести