fbpx

ВМРО-ДПМНЕ повторно фатени како шират паника кај народот, нема отровен зеленчук

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ продолжува бесрамно и неодговорно да пласира лажни вести и да ја вознемирува јавноста.

Скандалозните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ дека на македонскиот пазар има отровен зеленчук се покажаа целосно лажни.

Во Македонија во продажба нема зеленчук или овошје од увоз што не се безбедни за конзумирање и тоа е потврдено согласно стандардните процедури на надлежните институции.

Уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на идеи и програма, се што прави е пласирање на лажни вести и свесно ширење паника меѓу граѓаните.

По којзнае кој пат партијата предводена од Христијан Мицкоски е фатена во лага, но по обичај не собира храброст да се извини на јавноста, што само по себе покажува дека на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не и грижа за граѓаните.

Последни вести