Соопштение за јавност
Нашата држава, нашиот народ е пред историска шанса за продолжување на европскиот пат, со цел полноправно членство во ЕУ најдоцна до 2030 година.
Сега е потребно да се искористи таа шанса, да се искористи силната и конкретна поддршка од нашите сојузници во ЕУ и од нашиот стратешки партнер САД.
Немаме време за губење и чекање, важно е опозицијата да ја сфати својата одговорност за остварување на стратешката цел за членство во ЕУ.
Време е Мицкоски и сите други во ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со сопствената одговорност дека имаме шанса да донесеме одлука важна за иднината на земја и тоа заедно.
Глас за Европа во македонското Собрание е глас за европска иднина.
Најдобро македонско национално единството ќе постигнеме доколку сите големи партии гласаат за уставните измени и го отворат пат кон ЕУ.
Доколку не ги направиме уставните измени дефинитивно ја испуштаме шансата за ЕУ.
Изборот е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција.
Денеска ќе биде јасно што одлучил Мицкоски, ЕУ и обединување околу европската иднина на државата, или останува во заложништво на Левица