Соопштение за јавност
Караванот на СДСМ по мотото „Рамо до рамо до победа“денеска продолжи во општина Сопиште, каде средби со граѓаните имаа Љупчо Николовски и Богданка, Кузеска, со граѓаните на Пласница беа Маја Манолева и Ана Данева Маркова а во Дебарца Никица Бачовски и Мухамет Точи.
Не само што го предводи европскиот пат на земјата, СДСМ промени на добро многу состојби во државата. Економските политики на Владата предводена од СДСМ резултираа со зголемување на минималната плата на 20.175 денари, на просечната плата од над 34.000 денари и рекордно зголемување на пензиите кое со покачувањето кое следува ќе изнесува 25% за сите 330.000 пензионери. СДСМ ја зголеми просечната пензија за 60% а минималната пензија за 47%. Создадовме поволна и сигурна бизнис клима која донесе рекордни странски инвестиции од 760 милиони евра, истакна Љупчо Николовски пред граѓаните на Сопиште.
Потрпаролката на СДСМ Богданка Кузеска истакна членството во Европската унија е врвен приоритет на СДСМ и реализација на стратешка цел за државата за подобар живот на граѓаните.
-СДСМ покажа државнички капацитет и денеска повторно излезе со предлог за обединување и обезбедување на европскиот пат на земјата. Добро е што има дијалог и што опозицијата не е против уставните измени, додаде Кузеска.
Државата е исправена пред историска шанса за продолжување на европскиот пат, сега треба таа шанса да се искористи при силна и конкретна поддршка од ЕУ и САД. Евроинтеграцијата бара одговорност од сите политички партии и сите патеници, добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени, нагласи Кузеска додавајќи дека по 17 години во чекалната на ЕУ, повеќе нема време за чекање.
Со граѓаните на Дебарца беа Никица Бачовски и Мухамет Точи, кои истакнаа дека СДСМ е вистински парнер на земјоделците, ја почитува и вреднува нивата мака и труд.
Само за два месеци се иплатени над 60 милиони евра субвенции за 78.000 земјоделци. Оваа година имавме најдобра производствена сезона за тутунопроизводителите и рекордни откупни цени. Целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок. Постигната е рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44% во споредба со реколтата од 2021 година. 26 милиони евра субвенции беа исплатени кон над 15.700 тутунари, истакна Бачовски.
Рамо до рамо со граѓаните на Пласница денеска беа Маја Манолева и Ана Данева Маркова.