fbpx

Караван на коалицијата Заедно напред утре ќе биде на средби со граѓаните на Сопиште и Студеничани, и трибини во Центар и Аеродром

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани,

Централниот караван на коалицијата Заедно напред! Утре ќе биде на средби со граѓаните на Сопиште и Студеничани, и граѓански трибини во Центар и Аеродром.

Во текот на утрешниот ден (02.04.2019, вторник), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски ќе биде помеѓу граѓаните на општина Сопиште во 15.30 часот, а во 17.00 часот, ќе се сретне со граѓаните од општина Студеничани.

По средбите со граѓаните на Сопиште и Студеничани, во 18.30 часот Стево Пендаровски ќе учествува на отворена трибина со граѓаните на Центар (кај фонтана).

Подоцна, со почеток во 20.00 часот, кај паркот „Јане Сандански“ во Аеродром, ќе се одржи централниот настан, отворена трибина со граѓаните на општина Аеродром на која ќе се обрати Стево Пендаровски.

 

Центар за комуникации со јавноста

Социјалдемократски сојуз на Македонија
Последни вести