fbpx

„Рамо до рамо до победа“ во Центар, Куманово, Чаир и Илинден: Да се обединиме во процесот на евроинтеграции, одлуката за ЕУ е за сите наши граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеници од СДСМ денеска како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска беа во посета на неколку населени места.

Во општина Центар беа Дарко Каевски и Даниела Николова, во Чаир, Снежана Калеска Ванчева, во општина Куманово беа Мартин Костовски и Лидија Тасевска, додека во општина Илинден беше Мухамед Кадиров.

– Христијан Мицкоски де факто го промени ставот и сега се согласува да има уставни измени со кои дел од бугарскиот народ ќе влезе во Уставот. Ние ги прифативме сите негови барања и тоа е добра основа за продолжување на дијалогот, и покрај тоа што сега од ДПМНЕ едно нервозно и недоследно однесување. Ние немаме намера да влегуваме во објаснување на изјавите на Мицкоски кои јавно ги кажа по лидерската средба, туку овој период ќе го искористиме за да го заокружиме процесот и потребните измени да бидат донесени, порача пратеникот и портпарол Дарко Каевски во Центар.

Пратеничката Снежана Калевска Ванчева пред граѓаните на општина Чаир посочи дека со последните изјави на Мицкоски паднаа сите лажни вести, целата хистерија што ДПМНЕ ја ширеше повеќе од една година, паднаа во вода сите обиди на ДПМНЕ и Левица народот повторно да се подели и да се предизвикаат меѓуетнички инциденти.

Пратениците Мартин Костовски и Лидија Тасевска во Куманово ги повикаа своите колеги пратеници од ДПМНЕ да се приклучат на проевропскиот блок и да учествуваат во реализација на стратешката определба за полноправно членство во ЕУ.

– Што поскоро уставните измени влезат во Собранието тоа подобро. Сега е моментот сите заедно да се вклучиме во процесот и да ја донесеме важната одлука, со која обезбедуваме европска иднина на државата и граѓаните. Оваа одлука е токму за нашите сограѓани, за нашите соседи и пријатели, за работниците и земјоделците, за студентите и пензионерите кои сакаат и заслужуваат да живеат дома, во својата држава која ќе биде членка на ЕУ, рамноправна со сите останати земји – членки на ЕУ, истакна Костовски во Куманово.

Последни вести