fbpx

Пендаровски во посета на повеќе населени места: Подготвен сум да бидам достоинствен претставник на граѓаните, заедно одиме напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заедничкиот кандидат за претседател на државата Стево Пендаровски денеска беше во посета на повеќе населени места, каде што се сретна со жителите на Пласница, Македонски Брод, Долнени, Лажани и Кривогаштани.

На средбите, Пендаровски со граѓаните разговараше за актуелни прашања, како и за потребата од претседател кој достојно ќе ја претставува државата и ќе бие вистински претседател на сите граѓани.

– Подготвен сум да бидам достоинствен претставник на граѓаните кој ќе работи исклучиво во нивен интерес. Ова го ветувам јасно и гласно пред сите. Се обврзувам, неуморно да работам на довршувањето на процесот на нашето зачленување во НАТО и да бидам предводник на реформските процеси што доведуваат до членство во ЕУ. Нашата земја нема друга алтернатива и шанса за побрз економски раст и развој, порача меѓудугото Пендаровски.
Пендаровски повика да продолжат позитивните промени, државата да не застанува, туку да продолжи напред кон развој, интеграција и напредок, кон ЕУ и НАТО.

– Позитивните промени што и се случуваат на нашата држава мора да продолжат. Затоа ве повикувам, заедно да продолжиме напред, обединети кон посветла иднина за нас и нашите деца. Ајде сите заедно да ја заокружиме евроатланската интеграција на Северна Македонија и да овозможиме брз развој, силен економски напредок и стабилна држава за секој од нас, повика Пендаровски
Денешниот ден, заедничкиот кандидат го заокружува со посета на Крушево во 18:00 часот и Прилеп од 20:30 часот каде ќе учествува на отворени трибини со граѓаните.

Скопје, 01.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести