fbpx

Маричиќ: На средбата Ковачевски-Мицкоски се премина една граница, ДПМНЕ не се против уставни измени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Одличен чекор во вистинска насока беше таа средба и на таа средба практично ги видовме условите и на Владата однсно СДСМ и на опозициската ДПМНЕ кои се условите за уставни измени, но, се премина една граница а тоа е ДПМНЕ кажа дека не е против уставните измени, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, во тема на денот на Сител телевизија.

-Се премина една граница а тоа е ВМРО-ДПМНЕ кажа дека не е против уставните измени. Бидејќи година дена слушавме друго, дојдовме до една точка каде што треба да разговараме за условите. Ние не сметаме дека се тоа мали разлики, таму има концепциски разлики бидејќи ние нудиме веднаш да се случи првото гласање, да се потоа разговара и формира Влада во која што би имало место и за ВМРО-ДПМНЕ. Потоа да се заврши приказната со амандманите, да се заврши скринингот и да го отвориме кластерот 1 и се така до редовниот термин за избори или втората опција е веднаш да ги изгласаме уставните измени и да одиме на избори, рече Маричиќ.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, додаде дека во предлозите ДПМНЕ се движи во нереални рамки и надвор од преговарачката рамка.

-Ние се движиме во едни реални рамки. За жал ВМРО-ДПМНЕ се движи во нереални рамки надвор од преговарачката рамка, тој предлог на ВМРО-ДПМНЕ значи повторно преговарање на рамката која што е веќе усвоена минатата година, рече Маричиќ.

Тој уште еднаш ја повика опозициската ДПМНЕ да формираат тим, да се седне на маса и за се да се разговара директно а не преку секојдневни прес конференции.

-Мислам дека е најкоректно како одговрни партии да разговараме. Затоа ние направивме веднаш работна група и од тогаш постојано јавно, но и директно, во директна комуникација сме ги повикале да составт тим кој што ќе разговара со нас. Како се преговара за изборниот законик на пример подоглго време, повеќе месеци, се преговарало за многу други теми. Логично е да се седне и за ова да се разговара а тоа да не биде преку прес-конференции и преку изјави, рече Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер во денешното интервју на Сител телевизија.

Последни вести