Соопштение за јавност
Како што ДПМНЕ направи чекор напред со оваа лидерска средба, јас сум сигурен дека ако има повеќе средби тие ќе направат и повеќе чекори, можеби тоа и ги плаши, може и затоа не сакаат да има повеќе средби, порача во интервју за Телевизија Сител, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ.
„Сметам дека е разумно и одговорно, да седнеме, сакаат тимски, сакаат поединечно, сакаат пак лидерска средба и да разговараме таму каде што застана лидерската средба, во наредните денови јас сум сигурен дек може да ги поместиме позициите, но доколку сето тоа биде во реални рамки. Ние може да бараме Бугарија да нема право на вето или да ги смениме правилата во ЕУ, во минатото сме се обидувале да ги смениме правилата во НАТО, не сме успеале и затоа треба да имаме разумен начин на разговор каде заедно ќе ја преземеме одговорноста, ќе ја споделиме одговорноста во таа заедничка влада и ќе им олесниме на граѓаните дека навистина имаме европска перспектива“ истакна Маричиќ.
Тој ги повика ДПМНЕ да номинираат претставници од партијата кои ќе се вклучат во работната група и додаде дека постојат силни и јасни гаранции за македонскиот јазик и македонскиот идентитет во ЕУ.
„Многу е несоодветно ние да тврдиме дека некој може да ни го земе јазикот и идентитетот, тоа не може да се случи, ние затоа го ставивме македонскиот јазик во преговарачката рамка, затоа инсистиравме да се потпише договорот Фронтекс на македонски јазик, затоа инсистиравме да се изведуваат скрининзите на македонски јазик, токму затоа за да ја увериме целата јавност и ВМРО-ДПМНЕ дека веќе ние гарантиран ни е идентитетот, во таа насока јас сум сигурен дека би имало расположение да разговараме, дали со ЕП или Советот, или каде и да е, да излезе таква реафирмација, очекуваме таква реафирамција и колегите од ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат конструкривни“ посочи Маричиќ.