Соопштение за јавност
Погубните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ го уништија земјоделството и ги осиромашија вистинските земјоделци кои со години беа понижувани и уценувани. Денес, ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на уцени и притисоци, продолжува да ги манипулира земјоделците.
За разлика од потценувачкиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство градат партнерски однос со земјоделците, заеднички се решаваат напластените проблеми.
Во интерес на оризопроизводителите, поради нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката и ниската откупна цена, лани во декември беше воведена нова интервентна мерка преку која земјоделците ќе добијат 5 денари за килограм произведена и предадена оризова арпа во регистрирани откупувачи. Со оваа нова дополнителна субвенција ќе се поттикне договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година, од што бенефит ќе имаат и земјоделците.
Истовремено, со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година субвенцијата за оризот расте повеќе од двојно за површини со сертифициран семенски материјал, односно, од 12.000 денари на 25 .000 денари по хектар, додека за оние земјоделци што имаат површини од 5 до 50 хектари поддршката е зголемена од 14.400 на 30.000 денари по хектар за користен сертифициран семенски материјал.
Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство остануваат посветени на креирање и спроведување мерки што го подобруваат животот на земјоделците и го унапредуваат земјоделството.
Наместо лицемерие и лажна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ може да учи што значи вистинска грижа и градење партнерски однос со земјоделците.
Скопје, 31.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА