Соопштение за јавност
Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев заедно со Роберт Бекироски беа меѓу граѓаните на општина Прилеп.
– Дали понудата за влез во Влада беше пресвртна точка за опозицијата да смени став треба тие да кажат, но за поздравување е тоа што Мицкоски и ДПМНЕ сменија став. Со промената на ставот на Мицкоски практично во вода паднаа сите лаги кои цела година ги пласираа дека ќе се случи наводна бугаризација и асимилација. Не само што преговорите течат, не само што македонскиот јазик и идентитет се заштитени, од Германија од најголемата земја членка на ЕУ, очекуваме да стигне дополнителна потврда за нашиот македонски јазик, токму денеска. Сега, Мицкоски и ДПМНЕ треба да останат на променетиот став, да го искористиме моментот и да ја реализираме стратешката цел за членство во ЕУ, порача потпретседателот Богоев на маалската средба.
Претседателката на Форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска беше помеѓу граѓаните на општина Ресен.
– За СДСМ важни се сите граѓани и затоа преку одоговорен инклузивен пристап и преку конкретни мерки на дело покажуваме што значи вистинска грижа за сите. Минималната плата ја зголемивме на 20.175 денари, додека само во март месец оваа година рекордно ги зголемивме пензиите од 8.4 отсто. Изградивме, адаптиравме и проширивме 80 објекти на детски градинки во сите општини, а многу рурални населени места за првпат добија детски градинки. Ја исправивме неправдата кон стечајните работници, а преку Оперативниот план за вработување сериозна ја намалуваме стапката на невработеност, ете што значи вистинска грижа за сите, истакна Тренчевска.