fbpx

Каевски: ДПМНЕ не лобираше кај своите партнери во Бунгестагот, кои гласаа против Резолуцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во “Само вистина” на Канал 5 Телевизија истакна дека СДСМ како политичка партија ја поздрави резолуцијата донесена од Германија, која дава поддршка на европскиот пат, потврда и признание на македонскиот јазик, култура, идентитет и посебност.

Жал ми е што ДПМНЕ не лобираше кај нивните сестрински партии, додаде тој, кои гласаа против.

– Резолуцијатаденеска ни покажа многу, првенствено дека опозицијата знае на прес-конференции да говори дека се грижи за јазикот, а притоа да видиме дека нивни партнери, гласаа против, нагласи Каевски, додавајќи дека македонскиот јазик ќе биде зачуван и ќе биде дел од ЕУ, што дополнително го потврди Германија со Резолуцијата.

Сите лаги што беа изнесувани од опозицијата во изминатиот период, дека со прифаќањето на францускиот, односно европскиот предлог, ќе исчезне македонскиот јазик, идентитетот, сето тоа падна во вода првенствено со гласањето за Фронтекс, но и со ваквата резолуција, нагласи пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Каевски во емисијата истакна дека не е време само за тв дуели, време е да се седне, да се разговара да се изнајде начин да се продолжи она што застана кај лидерската средба.

Ги слушнавме променетите ставови на Христијан Мицкоси и на ДПМНЕ и ги поздравиваме и токму во таа насока потребно е ДПМНЕ да номинира членови на работна група кои ќе разговараат за сите детали за конкретните чекори кои ќе следат, но и како да го продолжиме европскиот пат, што и те како и е потребен на државата, рече Каевски, додавајќи дека час поскоро треба продолжат разговорите и заеднички да се дојде до соодветно решение кое ќе значи продолжуваме не европскиот пат и гласање на уставните измени во Собранието, рече Каевски.

Последни вести