Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски и неговата ДПМНЕ, не направија ништо околу Резолуцијата што ја усвои германскиот Бундестаг.
Дополнително, Мицкоски покажа големо незнаење околу тоа како функционираат меѓународните односи и процесот на интеграција во ЕУ.
Мицкоски и ДПМНЕ свесно ја лажеа јавноста дека тие ќе обезбеделе подобра преговарачка рамка, иако сите претставници на ЕУ јасно кажуваат дека преговарачката рамка не може да се менува.
Не само што не можат да обезбедат нова преговарачка рамка, Мицкоски и ДПМНЕ не се способни ниту да лобираат за својата држава.
И покрај тоа, Мицкоски се уште има шанса да застане на вистинската страна и треба да ја искористи подадената рака на лидерската средба на која беа прифатени сите негови услови.
Ако навистина е за европската иднина на државата, тогаш тој треба да состави тим кој ќе се приклучи во дијалогот и ќе учествува во спроведувањето на уставните измени со цел, процесот на интеграција во ЕУ да се забрза.