fbpx

Валканиот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат идеи и програма, тоа не е оправдување за валкана кампања во која злоупотребуваат семејства

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Валканиот Христијан Мицкоски и неговиот партиски подмладок во недостиг на конкретни идеи користат ниски и валкани кампањи во кои злоупотребуваат деца и цели семејства.

Тоа што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат идеја, немаат програма ниту став за важни прашања, не е и не може да биде оправдување за мизерната кампања што ја води Унијата на млади сили поддржана директно од Мицкоски.

Со таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја продолжуваат матрицата на Никола Груевски, злоупотребувајќи деца и семејствата во дневно политички цели.

Ниту младите ниту СДСМ не го прифаќаат валканиот однос на Мицкоски. СДСМ не прифаќа злоупотребата на семејствата, на приватноста, да биде дел од партиската или политичка дискусија, тоа го осудува и го офрла.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во матрицата на Никола Груевски, а таа матрица младите одамна ја поразија и ја отфрлија.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, за Мицкоски исто како и за Груевски не постојат никакви морални бариери, не постои никакво ниво на политичка пристојност.

Младите, граѓаните го гледаат тоа и ќе го ценат таквото однесување.

Скопје, 24.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести