fbpx

Ковачевски: Време е за одлука и побрзо членство во ЕУ, младите немаат години за губење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Младите немаат време за губење, Северна Македонија нема време за губење, премногу време изгуби оваа земја, сега треба да се направи чекор напред, да се донесе одлука за побрзо членство во Европската унија, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешната трибина, „Младина, иднина, Европа“ во организација на Социјалдемократската младина на Македонија.

-Што значи членството во ЕУ за вас младите верувам дека вие многу добро знаете. Од подобро образование и здравство па се до слободно движење, дружење, пристап до различни фондови и шанси за развој на потенцијалот на младите. Тоа е се она што доаѓа, кон што се стремиме. Но, прашањето КОГА, е најважно во овој момент. Сега треба да се направи чекор напред, да се донесе одлука за побрзо членство во ЕУ. Затоа што младите немаат време за губење. Вие немате време за губење. Македонија нема време за губење. Изгуби оваа земја премногу време, сега треба да направи чекор напред. Токму заради вас. Немаат сегашните македонски генерации 10, 15 или повеќе години да ги фрлат во ветер. , рече Ковачевски.

Замислете пред 25-30 години, на почеток со проблемот со Грција да се решеше уште тогаш тој неразумен спор. Сегашните генерации ќе беа понапред со години а мојата генерација немаше да треба да потроши 20 години за решение. И секако ќе имавме за нас подобро решение, доаде Ковачевски.

-Зошто изгубивме децении е прашање за други политички дебати. Но, едно е сугурно, низ годините се правеле политички калкулации, се мислело на рејтингот на политичарите отколку на идните генерации. Во меѓувреме станавме заробена држава, цели 11 години не мрднавме од место, додека младите ни се иселуваа, земаа пасоши на туѓи земји. Затоа што младите сакаат перспектива, сакаат сигурна иднина и сакаат да живеат во државата којашто е дел од ЕУ, кажа Ковачевски.

Ние не можеме да се вратиме назад, но затоа можеме, јас би рекол мораме, да извлечеме поука и да не дзовлиме исти грешки, потенцираше Ковачевски.

-Не смееме да дозволиме сега пак да изгубиме 10, 15 или нови 20 години и Вашата генерација да остане во неизвесност. Не смееме да дозволиме да загубиме време а на крајот да добиеме полошо решение. Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја и желба за власт не мислат на ништо друго. Не смееме да дозволиме нова изолација, нови бранови иселувања на младите, нови барања за странски пасоши. Единствениот начин да им обезбедиме подобар живот на младите да живеат во европска држава е да продолжиме брзо на патот кон ЕУ, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната трибина „Младина, иднина, Европа“ во Скопје.

Последни вести