Соопштение за јавност
Граѓаните сакаат да живеат во ЕУ и ние треба одлуката да ја донесеме заради граѓаните. Не е ова борба за собирање на политички поени. Ние уште расправаме дали некој заради своја лична политичка кариера ќе донесе одлука од која зависи иднината на државата и која не задира во никакви идентитетски прашања. Таа одлука прв пат ќе внесе бугарски дел од народ во нашиот Устав. Тоа значи дека паѓа во вода тезата еден народ во две држави. Тоа значи, рече денеска во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
-Граѓаните очекуваат и сакаат да живеат во ЕУ. Тоа се потврдува преку тоа што младите одат да живеат и работат во земји членки на ЕУ. Тоа ние треба да го направиме за граѓаните, не е ова борба за собирање на ситни политички поени. Ние, долго време 20 години гледавме водење на политика за собирање на дневни политички поени и правење на рејтинзи и што добивме? Добивме 20 изгубени генерации, кои што одат да работат во странство, земаат пасоши на други држави за да можат полесно да се снајдат. Што ќе им одговориме на тие генерации? Тие што тогаш не ги носеле одлуките. После тоа објаснуваат како не можеле да се донесат одлуките, се потврди дека можело да се донесат одлуките, рече Ковачевски.
Ако оној бесмислен спор со Грција се решеше пред 20 години ние ќе бевме пред 20 години и земја членка на НАТО и ЕУ заедно со Хрватска. Ние тргнамве пред Хрватска а сега тие имаат и Шенген ја имаат и Европа, додаде Ковачевски.
-Ние уште расправаме дали некој заради своја лична политичка кариера ќе донесе одлука која одлука зависи иднината на државата. Одлука која не задира во никакви идентитетски прашања. Таа одлука прв пат ќе внесе бугарски дел од народ во нашуиот устав. Тоа значи дека паѓа во вода тезата еден народ во две држави. Тоа значи, рече Ковачевски.
После лидерската средба на 7 јуни сите можевме на прес конференција да видиме дека позициите беа приближени, ДПМНЕ не е притив уставни измени, се согласува да влезе во заедничка Влада, прифаќа дека Владата и Собранието имаат легитимитет, сега останува ВМРО – ДПМНЕ прво да остане на искажаниот став а потоа да се седне на ниво на работни групи и да се договорат деталите, додаде Ковачевски.