Соопштение за јавност
Теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ денеска продолжија со средби на партиски тимови со граѓаните во општините Куманово и Демир Капија.
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во Куманово порача дека постои оптимизам дека европската перспектива може да стане реалност со заедничка одговорност на сите парламентарни партии, затоа што членството во ЕУ е одговорност на сите.
Маричиќ додаде дека сега е вистинскиот момент за нов чекор на европскиот пат и затоа дијалогот треба да продолжи.
-Нема да се откажеме од дијалогот, дијалогот е најдобро средство и ќе се обратиме до секој пратеник, до секоја политичка партија затоа што сметаме дека сите имаат одговорност. Ако цела европска и светска јавност ни вели дека сега е вистинскиот момент и ние знаеме што се нашите обврски, вистинското место, вистинското време за отворање на дијалогот е сега, порача Маричиќ, додавајќи дека по 17 години во чекалната на ЕУ, државата и граѓаните немаат време за губење.
Маричиќ нагласи дека, СДСМ како одговорна партија подаде рака и ќе продолжи да ги повикува сите политички чинители, особено ДПМНЕ да се приклучат на на овој процес што е исклучително важен за иднината.
-Историската шанса мора да се искористи, после скоро една година откако ги започнавме преговорите со ЕУ, имаме реална шанса да бидеме во пакетот на држави кои ќе бидат идни членки на ЕУ, имаме реална шанса за реализација на уште една стратешка цел, порача Маричиќ.
Средби со граѓаните на Демир Капија оствари Каја Шукова, која нагласи дека Македонија е лидер на Балканот во енергетска трансформација од обновливи извори, а забрзувањето на европскиот пат ќе донесе пристап до нови фондови и нови проекти за зајакнување на енергетската независност на државата, за заштита на животната средина.