fbpx

Пендаровски од Струмица: Моја цел се интересите и доброто на граѓаните, застанувам цврсто зад државните интереси

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски денес се сретна со граѓаните на Струмица.

Пред граѓаните Пендаровски рече дека негова главна цел е да обезбеди сигурна и стабилна иднина за граѓаните и државата, да продолжи напредокот и да се обезбеди целосна интеграција во НАТО и ЕУ.

Стојам цврсто зад државните интереси, кои значат подобар живот за сите граѓани, сигурност, стабилност, членство во ЕУ и НАТО. Моја цел и лична заложба е да бидам претседател на сите, претседател кој обединува, сплотува и се грижи за доброто на граѓаните – изјави Пендаровски.

Ги менуваме политичката култура и начинот на водење на политика. Стојам пред вас како надпартиски претседател кој секогаш ќе води грижа за она што значи напредок, интеграции и подобар живот – заклучи Пендаровски.

Пендаровски вечерва, продолжува на средби со пензионерите и младите од Струмица.

Скопје, 18.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести