Соопштение за јавност
Партискиот послушник Ѓорге Иванов како и во изминатите години, и денеска молчи.
Наместо молк, Иванов треба да излезе пред јавноста и да одговори:
Со кои пари синот на Иванов купил два стана на најатрактивна локација во Скопје, кога не е вработен?
Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во нивните анкетни листови?
И со кои пари ги купиле становите, бидејќи во анкетниот лист нема наведено ниту еден подигнат кредит?
Скопје, 18.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА