Соопштение за јавност
Рамо до рамо, ќе ја исполниме и стратешката цел за членство во ЕУ до 2030 година, порача претсетадетлот на СДСМ, Димитар Ковачевски од денешната трибина во Куманово на тема „МК во ЕУ до 2030“, “Резултати што прават разлика“.
„Можеме во тоа да успееме. До 2030 година Македонија да стои рамо до рамо со своите европски партнерски земји како рамноправна членка на Европската Унија. Сопартијци, патот напред можеби не е лесен, но мораме да запомниме дека целта на европската интеграција, на сигурна иднина е вредна и значајна“, порача Ковачевски.
Според претседателот на СДСМ Ковачевски, тоа е патување кое ќе обезбеди посветла и попросперитетна иднина за сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, за сите граѓани.
„Да направиме се и заедно да изградиме иднина каде што нашите млади ќе можат да ги остварат своите соништа, каде што нашата економија напредува и каде што нашите демократски вредности јакнат“, повика Ковачевски.