fbpx

Трибина „МК во ЕУ до 2030“: Да продолжиме одлучно напред, да ја видиме Македонија во ЕУ во 2030 година

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сега е моментот што треба да се искористи за да продолжиме одлучно напред, да ја видиме Македонија во Европската унија во 2030 година, затоа, апелираме до сите вас да не поддржите во оваа идеја, да не застанеме сега и да не снајде ситуација како пред многу години кога стоевме во место и кога имавме заробена држава, изолирани од сите и без напредок и перспектива за иднината, истакна во рамките на четвртата тематска трибина на СДСМ на тема „МК во ЕУ до 2030“, пратеничката и копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет на Северна Македонија-ЕУ Соња Мираковска.

Мираковска истакна дека граѓаните на изборите со децении наназад, по осамостојувањето на држава, на пратениците има дадоа две важни задачи, да работат државата да стане членка на НАТО и членка на Европската унија.

Одлуката да ги направиме уставните измени, чекор со кој се овозможи нашето членство во НАТО, а за која трпевме напади и осуди од дел од јавноста се покажа како исправна, денес по бруталната агресија на Руската Федерација врз Украина и стравот кај земјите како Грузија и Молдавија дека ќе снајде иста судбина како Украина зошто не се дел од НАТО, јасно ја потврдуват исправноста на нашата одлука да се зачлениме во овој воен сојуз, нагласи Мираковска, додавајќи дека втората важна одлука која мора да се донесеме, за подобра иднина на нашите следни генерации, се уставните измени и вметнувањето на Бугарите во Уставот.

Со вметнување на Бугарите во Уставот ние успеваме уште еднаш да потврдиме дека има разлика меѓу нив и нас како народ, поточно дека тие се Бугари а ние Македонци и од тие измени на уставот не треба да се плашиме или да не се согласуваме. Затоа, Ве молам да не потпаѓате на никакви провокации и лажни информации дека со вметнување на Бугарите во Уставот, ќе ни се одземе нашиот идентитет, затоа што со тој чекор, ние ќе успееме во спротивното: и во највисокиот акт на државата дома и пред целата меѓународна заедница, ќе потврдиме уште еднаш дека сме два различни народи: ние Македонци, тие Бугари. Но, и ќе докажеме дека како за сите заедници, така и за бугарската заедница, дека треба да се чувствува дел од оваа држава како и сите останати наши заедници. Тоа ќе не однесе во следната фаза, да почнеме со поглавјата од преговорите и да завршиме до 2030 година, порача Мираковска.

Пред присутните на трибината за евроинтеграциите зборуваше и Фани Каранфилова-Пановска, како претставник од граѓанското општество, која нагласи дека за уставните измени е потребен политички договор и консензус меѓу власта и опозицијата.

Се чини дека на планот на проширувањето и можноста да се направи поголем исчекор кога е во прашање целиот регион Западен Балкан, но особено Северна Македонија пред нас се клучни 6-9 месеци во кои ќе биде неопходно да се биде особено разумен, креативен, посветен и упорен и дома и во комуникацијата со претставниците на ЕУ и државите-членки за да го искористиме моментот и да ја зграпчиме шансата која се чини нема да ја имаме долг период потоа. Затоа опозицијата треба да ги профати подадените раце од СДСМ. Доколку тоа не се случи, опозицијата ризикува земјава да остане на паркингот покрај ЕУ а не во ЕУ, додека регионот ќе оди напред, порача Каранфилова-Пановска.

Последни вести