Соопштение за јавност
Напредокот на земјава во последните 2 години, по децениското уназадување, и успехот во интегративниот процес кон ЕУ и НАТО позитивно влијае и врз економијата.
Тоа го потврдува и рекордниот износ на странски инвестиции во 2018 година од 624,5 милиони евра.
Паралелно со растот на странските инвестиции расте индустриското производство и извозот, растат платите.
Извозот од индустриските зони во 2018 порасна за 20 отсто и инзесува 2,4 милијарди евра.
Реалните економски политики придонесоа во 2018 година растот на индустриското производство да биде најголем во последните седум години.
Инвестициите обезбедуваат нови и подобро платени работни места. Во 2018 година забележен е пад на стапката на невработеност на 19,4 отсто, додека платите растат во сите сектори.
Спроведувањето на реални економски политики позитивно влијае врз економскиот раст и животниот стандард на граѓаните.
Членството во НАТО и ЕУ дополнително ќе ги интензивира овие позитивни економски текови, во интерес на граѓаните. Затоа е многу важно да продолжиме по вистинскиот пат по кој тргна нашатата татковина, тоа е патот на интеграциите, на напредокот, на иднината.
Северна Македонија тргна напред и враќање назад нема!
Скопје, 18.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА