fbpx

Заклучоци на ИО на СДСМ, заради постигнување на општествен консензус: Дијалогот со ДПМНЕ за уставните измени да продолжи, Законот за матична евиденција не треба да биде донесен во оваа форма, консултативниот процесот за Законот за родова еднаквост продолжува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Извршниот одбор на СДСМ денеска на својата седница во проширен состав дискутираше за актуелни теми и ги донесе следните одлуки и заклучоци.

1.Оценка на Извршниот одбор е дека дијалогот со опозициската ДПМНЕ за уставните измени треба да продолжи.
Кога веќе ДПМНЕ не е против уставните измени, кога се согласи за учество во заедничка влада, нема причина дијалогот да не продолжи и да не започне собраниската процедура.

Даваме простор и шанса ДПМНЕ да останат на јавно искажаниот став и да се вклучат во процесот.
СДСМ со коалициските партнери ќе направи сѐ, целосно да ја искористиме оваа шанса, земјата да продолжи напред и да ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.

2.Извршниот одбор на СДСМ отвори дискусија и за аспектите кои што се отворени во јавноста во врска со Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

Го потенцираме фактот дека станува збор за сосема различни и засебни предлог законски решенија.

Предлог Законот за матична евиденција Владата го повлече од собраниска процедура во март 2022 година за да се направи дополнителна консултација, за да исполнат очекувањата на целото општеството.

Врз основа на ова, Извршниот одбор одлучи дека во ваква форма Законот за матична евиденција не треба да биде донесен и треба да продолжи процесот и вклучување на сите засегнати страни со цел изнаоѓање општо прифатливо решение.

СДСМ е партија која гради демократско општество, која силно е посветена на еднаквоста меѓу мажите и жените, која инвестира во меѓусебна толеранција, почитување на човековите права и слободи.

3. Извршниот одбор истакнува дека вредностите на СДСМ како социјалдемократска и граѓански ориентирана партија, почиваат на темелите на еднаквоста, солидарноста и социјалната правда.

Извршниот одбор на СДСМ заклучи дека консултативниот процес за Законот за родова еднаквост треба да продолжи, да се прошири јавната дебата со сите засегнати страни и чинители, со цел доаѓање до решение во интерес на целото општество, пред законот да влезе во владина и собраниска процедура.

Последни вести