Соопштение за јавност
Како дел од караванот „Рамо до рамо, до победа“ денеска заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска беше на средби со граѓаните од општина Могила.
– Пред нас е период во кој имаме шанса да им обезбедиме европска сегашност и иднина на нашите граѓани, тука во својата татковина. Да ја искористиме шансата сите, да донесеме одлука за ЕУ, затоа што тоа е одлука за доброто на државата, порача Лукаревска.
Заменик претседателката додаде дека и ДПМНЕ и Мицкоски имаат шанса да се приклучат на процесот и макар еднаш да направат државнички потег, потсетувајќи дека токму СДСМ ги има реализирано клучните стратешки и државни успеси досега.
-Досега СДСМ ги има остварено најголемите државни успеси, а ДПМНЕ нема поддржано ниту една стратешка одлука за земјата. Дали е членството во НАТО, почетокот на преговорите со ЕУ, од опозициската ДПМНЕ беа против. А видовме дека не влегоа во Собранието кога беше гласањето за Договорот ФРОНТЕКС. Сега имаат шанса и Мицкоски и ДПМНЕ, наместо да ја кодошат својата земја во Брисел за прв пат да направат државнички потег, да поддржат макар една стратешка одлука: членство во ЕУ. Едноставно е, или си за ЕУ или си против., рече Лукаревска.
Заменик претседателката посочи дека инфлацијата полека но сигурно се намалува, за првпат по подолг период растот на платите на работниците е поголем а инфлацијата опаѓа, што е уште еден доказ за успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ во едни тешки околности на глобална енергетска и економска криза.
Претседателот на Комисијата за земјоделство на СДСМ Трајан Димковски беше во Босилово, додека Борче Хаџиев беше меѓу граѓаните на Штип.
Трајан Димковски се осврна на мерките и политиките на СДСМ во земјоделството.
– СДСМ инвестира во развој и модернизација на земјоделството и силно ги поддржување земјоделците. Со државна финансиска поддршка за земјоделците во висина од 500 милиони денари, се доделуваат одобренија за 730 земјоделци, за набавка на трактори. Ова значи доверба на земјоделците во искрените заложби на Владата на СДСМ да ја помогне и унапреди земјоделската дејност, преку сите механизми што ни се на располагање. Дополнително, денеска на над 8.400 корисници им се исплатени 232,2 милиони денари финансиска помош за користен сертифициран семенски материјал за сите полјоделски култури, освен тутунот. Ова се само дел од бројните примери за тоа што значи вистинска грижа на СДСМ за сите наши земјоделци, порача Димковски.