fbpx

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што застана во одбрана на насилството од 27 април продолжува да шири лажни вести

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Селективноста и заштита на насилниците беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ, денес законите важат за сите

Заврши времето на неказнивост и криење злоупотреби во Министерството за внатрешни работи, нешто што беше одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани. Како што јавно соопшти МВР случајот за кој ВМРО-ДПМНЕ денеска лаже, се расчистува.

Кон посоченото лице е поведена дисциплинска постапка за утврдување на одговорност, а до нејзиното завршување лицето е суспендирано. Во меѓувреме, работните задачи ги врши помошникот началник според законските прописи.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што МВР работи одговорно и професионално и тоа што полицијата е вистински сервис и заштитник на граѓаните и затоа секојдневно шири лажни вести

Скопје, 16.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести