Соопштение за јавност
Кандидатот на Мицкоски, Гордана Силјановска не само што не го осудува насилството во собранието на 27 Април, туку се стави во одбрана на насилниците.
Гордана, неправда е насилството да го нарекуваш праведност
Не е чесно, ниту праведно да се брани насилство, ниту еднаш да не се осуди организираниот насилен упад во Собранието.
Силјановска свесно застана зад груевизмот, свесно застана зад матрицата на насилство, криминал и конфликти.
Толку од натпартискиот кандидат на Христијан Мицкоски,кој си одбра кандидат за претседател кој ќе ги следи и поддржува деструктивните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 16.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА