fbpx

Гаранции на Шолц дека нема нови условувања за С.Македонија по средбата со Ковачевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Германскиот канцелар Олаф Шолц по средбата со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Берлин даде јасни и силни гаранции дека нема нови условувања за Северна Македонија.

Шолц нагласи дека пристапните преговори за Северна Македонија кон ЕУ треба да се одвиваат по редовен процес, според постапките кои се управуваат од ЕУ, дека тоа се работи кои се веќе напишани на хартија и не треба да има други што се однесува до билатералната состојба меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Германскиот канцелар уште еднаш изрази голема почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што Северна Македонија ги вложува во реформи на патот кон ЕУ.

Сега е време за планираната промена на уставот, сега е време за храбри и државнички одлуки кои ќе ни го отворат патот до ЕУ.

ЕУ е стратешка цел на државата и на граѓаните, кои заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, да имаат можност за подобра, побогата иднина, повисок животен стандард.

Последни вести