fbpx

Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Последниот случај со проектот Скопје 2014, наречен „Феникс“ го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ.

Под превезот на таканаречениот патриотизам, ДПМНЕ со години го пљачкала својот народ преку проектот Скопје 2014.

ДПМНЕ и високи функционери на партијата предводени од Никола Груевски, освен врз грбот на народот, со години переле пари и преку македонските великани како Гоце Делчев, Никола Карев, Гемиџиите…

Со последниот случај уште еднаш се потврди дека Скопје 2014 е мегакриминален проект кој служел единствено за лично богатење на поединци, се потврди и дека ДПМНЕ е најкриминалната партија во Европа.

Заради сторениот криминал, заради злоупотребата на македонските великани, заради тоа што и самиот тој се уште е опкружен со лица против кои се водат судски процеси за сторени кривични дела, Христијан Мицкоски да поднесе оставка од чело на партијата.

Последни вести