fbpx

Наместо да се гради, се крадело, само со еден случај ДПМНЕ злоупотребиле 57 милиони евра, пари на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Случајот Феникс којшто го отвори надлежна институција, Обвинителство, покажа дека само за 11 споменици ДПМНЕ злоупотребиле 57 милиони евра, пари на граѓаните.

Осомничените незаконски обезбедиле 57,6 милиони евра за 11 споменици и проневериле околу 17 милиони евра, со класична манипулацијата со вредноста на спомениците.

Само преку еден случај 57 милиони евра?

Додека луѓето осиромашуваа ДПМНЕ на грбот на народот кределе пари.

Прашањето е колку градинки, колку училишта, болници можеле да се направат, за доброто на народот.

Но, од ДПМНЕ решиле наместо во градинки, училишта, болници, парите на народот во нечии џебови да завршат.

Затоа во времето на ДПМНЕ немаше нови градинки, немаше нови школи, затоа што се крадеше.

Последни вести