fbpx

Лукаревска: Дигиталната трансформација на УЈП носи бенефит за економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Модернизацијата и дигитализацијата на основните бизнис процеси на УЈП значат бенефит и за даночните обврзници и за економијата, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за агенцијата Марили.

Лукаревска нагласи дека во време кога заради интернетот и онлајн продажбата светот стана глобално село, она без кое не може да функционира современата пазарна економија е модерна, дигитализирана, даночна администрација.

Само во високопрофесионална, модерна и услужно ориентирана даночна администрација може да создадеме поволна клима за раст и развој и на претпријатијата, но и на реалниот сектор, истакна Лукаревска.

Лукаревска истакна дека УЈП преку сет мерки прави се за навремено прибирање на даноците, но и за откривање и санкционирање на оние кои се обидуваат да затајат данок и во овој сегмент со дигитализација на работните процеси и услуги ќе се зголемува ефективноста и ефикасноста.

Веќе петта година по ред, изготвуваме Годишни даночни пријави за физичките лица кои по електронски пат треба да ги потврдат или коригираат. Оваа дигитализирана услуга не само што ги ослободи граѓаните од прибирање на документација со која го докажуваа платениот данок на личен доход, туку придонесе и да се има јасна слика за тоа каква е состојбата со даночните обврзници, а од друга страна во одреден сегмент го јакне и даночниот морал кај обврзниците, рече Лукаревска, додавајќи дека МојДДВ, докажа и покажа дека државата, УЈП има капацитет на многу лесен, дигитализиран начин дел од ДДВ- то изразено во фискалните сметки да го врати кај граѓаните.

Модернизацијата и дигитализацијата во УЈП, треба да се спроведе на сите функции на даночната администрација, почнувајќи од електронска регистрација на даночните обврзници, овозможување на брз и ефикасен електронски начин на поднесување на даночни пријави, користење на софтвер за брзо процесирање на даночните пријави, воспоставување на софтвер за анализа за ризик за селекција на даночни обврзници за контрола и за одобрување на поврат на ДДВ, како и ефикасен систем за наплата на даночните долгови, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за агенцијата Марили.

Последни вести