fbpx

Наместо да повика на одговорност Мицкоски го брани криминалот на ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Последниот случај Феникс, во којшто се осомничени највисоки поранешни функционери на ДПМНЕ за злоупотреба на 57 милиони евра уште еднаш го потврди криминалот преку Скопје 2014.

Скопје 2014 е најголемата пералница на пари на ДПМНЕ.

Но, тоа е само дел од криминалот на оваа партија.

Бројни судски пресуди со долгогодишни затворски казни, стотици осудени сегашни и поранешни функционери на ДПМНЕ, меѓу кои и за злосторничко здружение се дел од криминалот кој институционално е потврден од надлежни судови.

Дури Белата палата, седиштето на ДПМНЕ е криминално стекната, врз грбот на граѓаните.

Но, наместо Христијан Мицкоски да побара целосно расчистување на сите случаи, низ законски постапки, наместо да побара одговорност на секој што го прекршил законот тој го брани криминалот на ДПМНЕ.

Тоа покажува дека ништо не се променило во ДПМНЕ, тоа е истата режимска, криминална партија.

Последни вести