fbpx

Да се помириме меѓу себе сите, и македонскиот кампус, се фокусирам на тоа, за иднината на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,

Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Северна Македонија

Битола, 10.03.2019

 

На сите оние кои за мене имаа лоши зборови изминативе години и мислам дека тоа треба да стане пракса не само на овој ден и не само од моја страна кон нив или евентуално од нив кон мене и кон другите. 

Во Македонија за жал политичката поделба е огромна и јас мислам дека во наредниов период месец и половина во рамки на мојата кампања сакам да се фокусирам посебно на тој проблем, тоа што премиерот Заев го нарече национално помирување, мислам дека во особено во македонскиот етнички кампус поделбите се недозволено длабоки и широки.

Наша задача е да иницираме процес кои ќе доведе до заздравување на тие рани, знаеме дека поминавме низ сериозни турбуленции и процеси на промена на име на држава и долг процес на уставни промени во тој политички процес кои е уникатен за нас, па и за многу други држави во светот, излегоа многу лоши емоции многу лоши зборови паднаа, не само во Парламентот, туку и меѓу обичните луѓе и навистина мислам дека ова нека биде еден симбил, денешниот ден кога навистина ќе почнеме да се помируваме меѓусебе, неможеме да се помириме во се, но меѓутоа околку неколку точки сигурно можеме да најдеме заеднички јазик тоа е дека Македонија мора да остане во овие граници, Македонија мора да биде демократска, функционална демократија и мора да биде членка на Евроатланските интеграции.

 

Последни вести