Соопштение за јавност
Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова во своето обраќање на Осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ посочи дека борбата за еднаквоста ниту започнува, ниту е завршена. Борбата на жените е присутна во секој сегмент од животот: во образованието, културата, работните места, во секојдневниот живот.
– Форумот на жени во изминатите 20 години даде вистински придонес за подобрување на правата на жените. За целосна вклученост на жените во процесот на креирање и спроведување квалитетни политики. Горди сме на Школата за женски активизам за подигање на свеста на жената за нејзината улога во политиката и општеството, која од оваа 2019 година прерасна и во академија за сите жени од сите политички партии.-пораче Ласкова.
Координаторката Цветанка Ласкова зборуваше за постигнувањата во нашето општество во однос на рамноправната застапеност на жените во сите сфери од животното функционирање.
Со измените на Законот за прекин на бременоста, со кој се става крај на рестриктивните се исправа неправдата кон жените, кон мајките и нивната самостојност во одлуките за раѓањето деца.-додаде Ласкова.
-Ќе продолжиме да ја креваме свеста и горди сме дека во Изборниот законик влезе 40 отсто квота за жени, а до 2020 ќе бидеме 50 отсто жени во политиката”, порача Цветанка Ласкова
Ласкова го истакна и значењето и на ратификувањето на Истанбулската конвенција од страна на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, со што нашата држава конечно влезе во групата на држави кои се вклучуваат во целосно искоренување на семејното насилство и насилството врз жените, како и воведувањето на родовиот идентитет како основ за дискриминација.
На маршот по повод Меѓународниот ден на жената присуствуваше и се обрати и висока претставничка од Партијата на европски социјалисти Мија Јаворник. Таа ја поздрави храброста и упорноста на жените социјалдемократки и нивните постигнувања во борбата за градење на едно демократско општество , со еднакви права и можности за сите.
-Анализирајќи го процесот на обнова на демократијата во вашата земја, можам да видам дека не само што ги одбранивте и ги заштитивте човековите права воспоставени во минатото, туку успеавте да направите многу повеќе: го обновивте духот на заедништвото, духот на другарството, дух на братство и единство, врз основа на еднаквоста и недискриминацијата, сето вредно наследство од социјалдемократите, што се чини дека го губиме речиси насекаде во ЕУ.-истакна високата претставничка Мија Јаворник.
Таа воедно истакна дека тоа што ние како држава го направивме воедно зборува за храброста и одлучноста наша. И воедно потврда дека таквиот голем напор се исплати. Направен кога во Европа имаше многу малку луѓе кои веруваа во нас и маршираа со нас, додека од друга страна ги имаше многу од оние кои само гледаа со неверување од безбедно растојание.
-Вие му докажавте на целиот свет: „Секогаш изгледа невозможно додека не се направи“.-рече Мија Јаворник.
-Го пронајдовте патот за да им ги вратите заедницата и општеството на својот народ. Вие сте жив доказ дека сите ние можеме да ги надминеме пречките. Вие не се повлековте … не дозволивте вашите гласови да бидат замолчени! Вие не ја прифативте неправдата, не ја толерирате нееднаквоста, дискриминацијата, исклучувањето и не замолчивте пред лицето на злото коешто беше на власт.- порача Мија Јаворник на крајот од обраќањето.
Скопје, 09.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА