fbpx

Мицкоски одработува за туѓи интереси, против ЕУ и НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со државничките политики на СДСМ земјава стана земја членка на НАТО, започна преговори со ЕУ а посветени сме и на втората стратешка цел-полноправно членство во ЕУ.

Кочењата на Мицкоски и ДПМНЕ, во Собранието, во однос на блокадите на реформите, одбивањето соработка за стратешки важни прашања како членството во Унијата претставува директно и активно работење против ЕУ и НАТО.

Мицкоски и ДПМНЕ работат против интересот на земјата, против интересот на граѓаните и одработуваат за туѓи интереси, за оние кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ.

Мицкоски има право да се самоизолира, но нема право да ја изолира државата.

Македонија нема време за губење, граѓаните немаат нови години за губење. Собраниската процедури и дискусијата за уставните измени коишто се неопходни за продолжување на европскиот пат мора да започне.

Со глас за Европа во македонското Собранието да обезбедиме продолжување на европската интеграција на земјата и остварување на уште една стратешка цел, членство во ЕУ.

Последни вести