Почитувани,
Започна Маршот по повод Меѓународниот ден на жената во организација на Форумот на жени на СДСМ. Социјалдемократките кои денеска маршираат под слоганот Еднакви! Можеме , го одбележуваат денот кога жената го подигна својот глас и храбро зачекори напред во борбата за еднакви права и рамноправност.