fbpx

Хаосот во Скопје е потврда: Кога ДПМНЕ ќе добие власт се случува хаос и враќање назад

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Поминаа 20 месеци од мандатот на ДПМНЕ во Скопје, се трошат околу 100 милиони евра годишно, пари на скопјани а главниот град уназадува и се гуши во ѓубре.

Наместо модерно Скопје како што ветуваа пред граѓаните, Мицкоски и ДПМНЕ создадоа хаос и Скопје го претворија во една голема депонија.

Неспособната локална власт на ДПМНЕ која ветуваше модерен град, за многу краток период од Скопје направи нечист град, со нефункционални јавни претпријатија, град во хаос кој уназадува наместо да се развива.

Не се реализира ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.

Јавниот превоз не функционира. Ниту едно ветување не е остварено. Нема нови 250 еколошки автобуси, нема бесплатен превоз, нема модерен транспорт, нема фабрика за автобуси.

Скопјани се целосно изневерени од страна на Мицкоски и ДПМНЕ.

За 20 месеци ДПМНЕ го врати Скопје назад за 60 години.

Секогаш кога ДПМНЕ ќе добие доверба, секогаш кога ќе добие глас од граѓаните да биде власт се случува хаос и враќање назад.

Последни вести