Соопштение за јавност
Концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада на ВМРО – ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски и негов советник Христијан Мицкоски којшто сега е претседател на оваа партија. Заради тие одлуки на ДПМНЕ државата е сега ставена во судски лавиринти. СДСМ од прв ден бил против тие рудници, а СДСМ и денес е против отворање на рудници кои што не ги сакаат граѓаните во нивните места, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање .
Ковачевски потсети дека од носењето на одлуката и доделувањето на концесиите од страна на Владата на ДПМНЕ не се отворени рудниците затоа што Владата на СДСМ води постапка за да не бидат отворени.
-Концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада на ВМРО – ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски и негов советник Христијан Мицкоски којшто сега е претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тие рудници Иловица се во изборната програма исто така на ВМРО – ДПМНЕ и за изборите во 2016 година. И општините во тоа време раководени од градоначалници избрани од ВМРО – ДПМНЕ, Општина Босилово и Општина Ново Село носат одлуки за отворање на рудник Иловица за бакар и злато. Она што се случува по изборите во 2016 година е јасниот став на СДСМ и на Владата во целина, вклучително и Министерот за економија, а тоа беше последната одлука на ЦО на СДСМ кажуваат, согласно јасно изнесените ставови и од страна на претседателот на форум на жени на СДСМ, на последниот протест во Струмица дека СДСМ не е за отворање на рудници во струмичкиот регион. Концесиите се дадени од страна на ВМРО – ДПМНЕ, а рудници не се отворени благодарение на што Владата на СДСМ води постапка да не се отворат рудници. СДСМ од прв ден бил против тие рудници, СДСМ е и денес против отворање на рудници кои што не ги сакаат граѓаните во нивните места., рече Ковачевски.
Се работи за одлуки донесени уште во времето на ВМРО – ДПМНЕ заради кои одлуки државата е сега ставена во судски лавиринти. Се работи за голем број на судски одлуки од кои дел се во корист на странскиот инвеститор кои што ги има во тоа време добиено концесиите. И Министерството за економија, согласно со тие одлуки кои се носени во судовите, ќе мора да дојдат на следната седница на Влада и да ги презентираат сите одлуки, додаде Ковачевски.
Министерството за економија и службите кои работат на целата судска постапка која се води во изминатите години мора да носат одлуки кои што прво, ќе го заштитат интересот на граѓаните и државата. Кога велам интересот на граѓаните и државата, да не се дозволи државата во арбитражи да плаќа огромни суми на средства, заради раскинатите концесии кои што Никола Груевски и Христијан Мицкоски ги имаат дадено и кога ќе го видам денес Мицкоски да зборува против отворање на рудници. Па прашајте го кој беше шеф на штаб во ИЕ 4 каде што ги доделија концесиите и кој ги напиша тие рудници во програмата на ВМРО – ДПМНЕ. Ако нешто е врв на лицемерие тогаш овие ставови на ВМРО – ДПМНЕ се лицемерие, рече Ковачевски.
-Она што е интенција на Владата е прво, било која одлука во делот на отворање на рудник да биде во согласност со очекувањата на граѓаните. Односно ако граѓаните во општините во струмичкиот регион, односно во југоисточниот плански регион Струмица, Ново Село, Василево, Босилово се против отворање на рудници, тогаш рудници нема да има, дециден беше Ковачевски.
-На следната седница на Влада повторно Министерството за економија, со сите документи од 2012 година, бидејќи не се работи само за една судска одлука, заедно со неговите стручни служби ќе ги информира сите министри за понатамошната постапка. Меѓутоа, јасен е ставот и на Министерството за економија и на Министерството за животна средина и на претседателот на Влада дека рудник не може да има ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија односно 2 концесии, рече Ковачевски.
Ковачевски додаде дека во време на ДПМНЕ не беше можна дебата за вакви прашања, како што денеска се води јавна дебата, што е демократска придобивка.
Во тоа време не постоеше можност во јавноста, во медиумите да се отвори дискусија, бидејќи во тоа време Груевски и неговите советници ги редеа вестите па никој не можеше да праша за било каква тема која не беше во согласност со програмата на ВМРО – ДПМНЕ и одлуките кои владата ги носеше. Затоа оваа демократска придобивка која што денес ја имате вие како новинар овозможува и граѓаните да дознаат дека не се работи за никакви нови концесии, туку се работи за концесии одобрени од страна на ВМРО – ДПМНЕ, на странски инвеститор. Се надевам дека ќе имате можност, бидејќи Македонија е 38 во светот според слободата на медиумите да ги информирате за овој случај па и да се навратите како се носеле во 2012 и 2013 одлуките кога не смеевте да ставите во вести, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска во одговор на новинарско прашање.