fbpx

Мицкоски ги изневери граѓаните, градоначалниците на ДПМНЕ се најголемо разочарување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски ги изневери граѓаните.

После 20 месеци од мандатот на локалната власт на ДПМНЕ во Скопје и над 40 општини низ државата заклучокот е дека градоначалниците на ДПМНЕ целосно ги разочараа граѓаните.

Ветеното пред граѓаните не се реализира, нема нови проекти, нема развој.

Од Скопје неспособните градоначалници на ДПМНЕ создадоа една голема депонија, создадоа нечист и нефункционален град кој се уназадува.

Во Скопје не се реализира ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.

Истото го гледаме и низ другите општини водени од градоначалници на ДПМНЕ.

И Штип се дави во смет а локалната власт на ДПМНЕ ги остави штипјани и без вода за пиење, иако граѓаните плаќаат повисоки сметки.

Нема нови проекти но затоа ДПМНЕ удира по џебот на граѓаните со повисоки сметки за комунални услуги.

Освен во Штип и во Прилеп, Охрид, Велес, градоначалниците на ДПМНЕ драстично ги поскапеа услугите за граѓаните.

Со ДПМНЕ општините уназадуваат наместо да напредуваат.

Последни вести