Соопштение за јавност
Република Северна Македонија чекори кон НАТО. Шест земји од вкупно 29 членки на НАТО сојузот веќе го ратификуваа Протоколот за пристапување на државата во најголемиот и најмоќен безбедносен сојуз во светот.
Досега, шест земји членки на Алијансата го ратификуваа Протоколот за пристапување. Грција, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска и Црна Гора се првите земји кои ја отворија вратата на НАТО за влез на нашата Македонија.
Во меѓувреме Данска, Франција и Романија ја започнаа постапката за ратификација на Пристапниот протокол на Република Северна Македонија во Нато алијансата.
Ратификацијата ќе продолжи и во останатите земји членки на НАТО Алијансата, а откако Протоколот ќе биде усвоен од останатите земји членки Република Северна Македонија станува 30 членка на НАТО.
Одиме напред, градиме силна и стабилна држава, обезбедена и сигурна. Држава во која граѓаните ќе се чувствуваат безбедни и сигурни и економски стабилни. Членството во НАТО освен безбедност и стабилност со себе носи и повеќе инвестиции, економски раст и развој, а сето тоа значи повеќе пари кај граѓаните.
Република Северна Македонија тргна напред и запирање нема.
Скопје, 06.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА