Соопштение за јавност
СДСМ го осудува палењето на возилото кое го користел вицепремиерот Артан Груби. Ваков акт на насилство е неприфатлив и недозволив.
Очекуваме сите надлежни институции, Министерството за внатрешни работи, истражните и судски органи целосно да го расчистат случајот, јавноста да биде информирана за причините, мотивите и сторителите кои треба да понесат одговорност.