Соопштение за јавност
СДСМ на дело продолжува со вистинска грижа за македонските граѓани и за нивниот стандард.
Економските мерки и политики на СДСМ обезбедија повисоки плати и пензии.
Минималната плата е зголемена на 20.175 денари, од 8.800 денари во 2017 година.
Просечната плата за шест години од 2017 до 2023 година порасна, за 59 отсто од 22.889 на 36.465 денари, односно за 13 576 денари,
СДСМ обезбеди рекордно зголемување на пензиите, кое со покачувањето што следува во септември ќе изнесува 25 проценти.
По цели 15 години, потпишаан е нов Општ колективен договор за јавниот сектор, со кој платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто, а сите околу 130.000 вработени ќе добијат и К-15 во износ од 10.000 денари.
Со измените на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување се става крај на огромните камати кои ги оптоваруваат семејните буџети на илјадници граѓани.
Каматата повеќе нема да смее да го надминува износот на главниот долг, нема повеќе да има ситуации каде за долг од 1.000 се враќа и до 10.000 денари. Се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.
Се регулираат брзите кредити, каде трошоците не може да бидат повисоки од 60 отсто од износот на кредитот.
Додека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги носеше овие законски измени, пратениците од ДПМНЕ и Левица не гласаа ЗА, со што уште еднаш потврдија дека за нив потребите на граѓаните се на последно место.
СДСМ продолжува да носи мерки и решенија што се во интерес на сите граѓани.