fbpx

Граѓаните го отфрлаат груевизмот присутен во ВМРО-ДПМНЕ и ќе го изберат Стево за вистински претседател што ќе ја води државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Матрицата на груевизмот, што 11 години ги осиромашуваше граѓаните, а државата ја држеше во изолација и неизвесност, се уште е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа се гледа и од начинот на делување но и од речникот на ВМРО-ДПМНЕ полн со црнила, крв, обесчестувања…мракови.

Не е добро тоа што професорката Силјановска му се поклонува на таквиот начин на делување и таквиот речник на комуникација но тоа граѓаните го отфрлаат.

Од една страна се демократските и прогресивни сили во државата предводени од СДСМ кои работат на напредок, развој и интеграција во ЕУ и НАТО.

Од друга страна се Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ со нивните црнила, против Договорот од Преспа, против иднина во ЕУ и НАТО.

Затоа, на престојните претседателски избори граѓаните ќе изберат напредок и ќе ги поразат остатоците од груевизмот.

Граѓаните ќе изберат иднина, ќе го поддржат Стево Пендаровски, претседател на сите граѓани.

Скопје, 04.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести