Соопштение за јавност
СДСМ го осудува вандалски чин на демолирање на автомобилот на портпаролката на ДПМНЕ, Марија Митева.
Секој чин на вандализам, насилство или уништување приватна сопственост е неприфатлив и недозволив, спротивен на вредностите на нашето македонско демократско општество.
Очекуваме и ги повикуваме сите надлежни институции да го расчистат случајот, сторителите да бидат откриени и да понесат одговорност согласно законите.