Соопштение за јавност
Во Собранието започна постапката за измени на Уставот со чие усвојување ќе се забрза процесот на интеграција во ЕУ.
Владата, министрите од широката владина коалиција едногласно го усвоија предлогот за уставни измени и без какви било калкулации истиот е доставен во Собранието.
Сега е редот на пратениците. Секој кој и мисли добро на државата им мисли добро на граѓаните, ќе даде поддршка за уставните измени со кои се прави голем исчекор во преговорите со ЕУ.
Измените на Уставот не задираат во идентитетските прашања, туку со нив се задржува примарната уставотворност и се гарантира посебноста на македонскиот народ.
Не смееме да ја пропуштиме оваа шанса за Европа, оваа шанса да ја однесеме државата во ЕУ и да донесеме европски квалитет на живот дома.
Секој пратеник треба да одлучи – или ќе даде глас за Европа или ќе дејствува спротивно од државните интереси и со тоа државата повторно да ја однесе во изолација, каде беше цели 11 години во време на режимот на ДПМНЕ.