Соопштение за јавност
СДСМ и денес, но и од првиот ден е против отворање рудници во еден од најплодните делови на нашата држава.
Со одлука на Владата, укинато е спојувањето на концесиите за рудникот Иловица.
ДПМНЕ кои денес лицемерно глумат загриженост, се всушност оние кои ја дадоа концесијата за рудникот Иловица, но и други 85 концесии за рудници.
Одлуката за доделување концесија за рудник за бакар и злато во Иловица е донесена на 16 јуни 2012 година и на таа одлука потпишан е Зоран Ставревски тогашен Заменик претседател на Владата и десна рака на Никола Груевски.
Позитивно мислење за Иловица дале Миле Јанакиески, тогашен министер за транспорт и врски, Љупчо Димовски, тогашен министер за земјоделство, но и сегашниот потпретседател на ДПМНЕ и близок соработник на Христијан Мицкоски, Владо Мисајловски.
Затоа пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за рудникот во Иловица.
И покрај тоа што ДПМНЕ со своите одлуки ја ставија државата во судски лавиринти, СДСМ, како одговорна партија, продолжува да ги користи сите механизми за да се спречи отворање на рудници во Струмичкото поле.
Интересите на граѓаните, остануваат врвен приоритет за парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ.