fbpx

Платите и пензиите растат, СДСМ продолжува со вистинска грижа за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ преку конкретни мерки и политики, продолжува да работи на унапредување на економскиот стандард на сите граѓани.

Околу 130.000 вработени во јавниот сектор од септември оваа година ќе добиваат плати зголемени за 10 отсто преку новиот Општ колективен договор.

Покрај тоа, до крајот на годината ќе добијат и регрес за годишен одмор во висина од 10.000 денари.

Со Општиот колективен договор, потпишан по цели 15 години се обезбедува и нова методологија за постојан раст на платите во јавниот сектор, што повеќе никогаш нема да зависи од нечија полиитчка волја.

Истовремено, постигнат е договор и со вработените во Управата за јавни приходи.

Веќе со јулската плата, 900 лица вработени во Управата ќе добијат зголемени плати за 30 отсто.

Покрај платите, растат и пензиите. Во септември, согласно закон, следува ново зголемување на пензиите, кое е проектирано на околу шест отсто.

Ова е уште една потврда за успешноста на економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ – инфлацијата се намалува, платите и пензиите растат.

Преку одговорен, посветен пристап, обезбедуваме услови за развојна и стабилна економија и подобар животен стандард за сите.

Последни вести