fbpx

Ковачевски: Владата предводена од СДСМ обезбеди раст на просечната плата од 59.3% за неполни шест години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Близу 60 отсто е зголемена просечната плата во време на владеењето на СДСМ, спредено со периодот на владеење на ДПМНЕ, оцени претседателот Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

“Ако просечната плата во мај 2017 година, непосредно пред доаѓањето на власт на СДСМ и коалицијата, изнесуваше 22.889 денари, по шест години, односно годинава во месец мај имаме највисок износ на исплатена просечна плата од 36.465 денари, што е раст од 59.3%.

Во 2011 година, во мај месец, граѓаните на нашата држава просечно имале нето плата од 20.954 денари, односно за период од шест години од владеењето ВМРО-ДПМНЕ успеале да ја зголемат нето платата за 1.935 денари, додека пак Владата на СДСМ за ист временски период од шест години за 13.576 денари. Разликата е очигледна, во периодот 2011-2017 нето платата за време на претходната Влада се зголемила за 9.2%, додека пак за време на владеењето на СДСМ, 2017-2023, истата се зголемила за 59.3%. Тоа е разлика од 50.1 процентни поени“ посочи Ковачевски.

Тоа, додаде Ковачевски, е резултат од успешните политики на Владата предводена од СДСМ и најави дека со одговорен, ефикасен пристап се создаваат услови за дополнителен раст на платите во сите сектори, како и за отворање на нови, добро платени работни места.

Последни вести