fbpx

Шанса за сите, нови и подоброплатени работни места, рекордни 1.1 милијарда денари за Оперативниот план за вработување во 2019

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со Оперативниот план за вработување за 2019 година обезбедени се рекордни средства од 1.1 милијарда денари за отворање нови работни места, раст на платите, поддршка за вработување на лица со попреченост, обуки за побарувани занимања и занаети и за дигитални вештини, при што се опфатени  и поединците и компаниите.

Оперативниот план отвора шанса за сите. Во него се содржани шеснаесет мерки, поделени во три групи. Првата група мерки се насочени кон младите лица за формирање на сопствени компании односно самовработување, со втората група мерки овозможува преку процес на преквалификација и обука, компаниите да вработуваат невработени лица, додека последната група мерки е насочена кон стекнување на знаења од информатичка технологија.

Реализацијата на Оперативниот план за вработување за 2018 година беше со реализација од 95 отсто, при што преку мерките од планот се вработија 3.934 граѓани, што докажува дека Оперативниот план е исклучително ефикасна алатка за намалување на невработеноста.

Истовремено, откако минатата година даде добри резултати во трите општини во кои се спроведуваше, од оваа година мерката Гаранција за млади ќе се спроведува на целата територија на државата, а проекциите се дека со неа ќе бидат опфатени околу 9.500 млади лица, кои че добијат шанса за вработување, доквалификација или платена практична работа.

СДСМ останува посветена на заложбата за зголемена поддршка на граѓаните и компаниите како и на спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, повисоки плати и намалување на стапката на невработеност за којашто проекциите за оваа година се дека ќе опадне на историски минимум од 20 отсто.

 

Скопје, 26.02.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести